Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во понеделник (15-ти април) повторно ги повика западните сојузници на Киев „итно“ да ги испорачаат многу потребните дополнителни системи за противвоздушна одбрана, оружје и муниција, бидејќи руската артилерија и проектили продолжуваат да прават хаос врз цивилите и да ја уништуваат критичната инфраструктура.
Четири лица загинаа во Сиверск во источниот регион на Доњецк, соопшти на 14 април шефот на регионалната администрација Вадим Филашкин.
„Четири мажи на возраст меѓу 36 и 86 години загинаа како резултат на гранатирање. Русите се обидуваат да убијат што е можно повеќе наши луѓе, а единствениот начин да се заштитат е да се евакуираат во побезбедни региони на Украина“, додаде тој.
Кулеба, во видео обраќањето на Втората конференција за безбедност на Црното Море, која заеднички ја организираа Украина и Бугарија во Софија, рече дека воздушната одбрана на Украина е многу неопходна за заштита на соседите и повика на побрзо снабдување на нејзините сили со одбранбени системи како што се оние произведени како Патриот во САД.
„Украинската противвоздушна одбрана сега го штити не само украинското небо од руски воздушен терор, туку ги штити и соседните Молдавија, Романија и Полска од непосредна закана од проектили и беспилотни летала кои влегуваат во нивниот воздушен простор“, рече Кулеба.
Видете и ова: Украина- Ситуацијата на истокот е „значително влошена“„Итно ни требаат дополнителни Патриот и други современи системи за противвоздушна одбрана, оружје и муниција. Ја користам оваа прилика уште еднаш да ги повикам сите наши партнери да преземат извонредни и храбри чекори“, додаде Кулеба.
За украинската телевизија тој изјави дека се водат преговори за испорака на повеќе патриоти, но исто така изрази разочарување што процесот е премногу бавен.
„Со сета почит и благодарност до Соединетите Држави, дали верувате дека американската војска нема ниту една резервна батерија „Патриот“ што може да ја пренесе во Украина?“, праша Кулеба.
Видете и ова: Каков облик ќе добие долго одложуваната американска помош за Украина?Во меѓувреме, на 15 април сообраќајот на мостот што го поврзува Крим окупиран од Москва со Русија беше запрен, а шефот на Севастопол назначен од Русија, Михаил Развозаев, издаде предупредување за воздушен напад во градот.
Во извештаите на социјалните мрежи се вели дека експлозии предизвикани од руски системи за противвоздушна одбрана може да се слушнат во областа, но информациите не можеа да бидат независно проверени.