Речиси 13000 луѓе се евакуирани од областите погодени од поплави во јужниот дел на Русија Курган, бидејќи нивото на водата продолжи да расте, а реката Тобол во близина на градот Курган достигна 646 сантиметри, соопшти во понеделник (15 април) регионалната влада.
Министерството за вонредни ситуации објави дека 880 станбени згради веќе се поплавени во регионот Курган, објави Current Time, медиумски проект на руски јазик што го води РСЕ во соработка со Гласот на Америка.
Во градот Курган, каде живеат околу 300 000 жители, на 8 април беше прогласена вонредна состојба. Министерството објави дека 62 населени места со околу 19000 жители низ регионот се во опасност од поплави.
Русија се бори со огромни поплави во неколку јужни региони долж границата со Казахстан, бидејќи невообичаено топлото време предизвика ненадејно топење на снегот, што пак предизвика брзо издигнување на реките како Урал и Тобол.
Видете и ова: Поплави во Русија и Казахстан, властите предупредуваат на полошо сценариоПрво беше погоден градот Орск, потоа Оренбург и двата на Урал, а сега поплавите ги зафатија и Кемеровските и Томските региони во западен Сибир.
Во Кемеровскиот регион, реката Мрасу се излеа од коритото. Селаните велат дека водата им ја однела опремата за домаќинството и дека никој не им дошол на помош, иако Министерството за вонредни состојби соопшти дека состојбата со поплавите во регионот е под контрола.