Европската Комисија и Бугарија потпишаа Договор за партнерство за организација на информативни и комуникациски кампањи за премин на земјата од бугарскиот лев на еврото.
Овој договор се смета за дел од подготвителните чекори за влез на Софија во Еврозоната.
Договорот го потпишаа извршниот потпретседател на Европската комисија за економија во интерес на луѓето Валдис Домбровскис, еврокомесарот за економија Паоло Џентилони и бугарската вицепремиерка и министерка за финансии Људмила Петкова.
Видете и ова: Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зонатаКако што соопшти Еврокомисијата, Договорот е потврда на нејзината заложба за поддршка на организацијата на информативни и комуникациски кампањи за преминот кон еврото во Бугарија, откако земјата ќе ги исполни сите критериуми за тоа.
„Тој е и основа за подготовка и потпишување на Договор за грант, кој ќе и овозможи на Комисијата да ги кофинансира комуникациските активности за преминот кон еврото во Бугарија“, се додава во соопштението.
Инаку на 31 март Бугарија, заедно со Романија, делумно се приклучија на европската зона без проверка на патните документи, што означи нов чекор во подлабоката интеграција на овие две земји-членки во Европската Унија.