Германскиот канцелар Олаф Шолц предупреди против „секаква понатамошна ескалација“ по иранските воздушни напади врз Израел.
„Работите не смеат да продолжат на овој начин. Ќе направиме се што можеме за да избегнеме понатамошна ескалација“, изјави Шолц при неговата посета на Кина.
Шолц уште еднаш остро го осуди иранскиот напад.
„Ова е апсолутно неоправдан напад, тоа е сериозна ескалација на ситуацијата“, рече тој, додавајќи дека тоа на никој начин не е прифатливо, разбирливо или толерантно.
Видете и ова: Светските лидери ги осудија иранските напади врз Израел“Сè што можеме да направиме е да ги предупредиме сите, особено Иран, да не продолжи вака “, рече Шолц.
Тој ја повтори солидарноста на Германија со Израел, кој има целосно право да се брани од терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври минатата година.
Шолц најави дека подоцна ќе се одржи состанок со министрите одговорни за безбедноста во неговиот кабинет. Ќе учествуваат министерката за надворешни работи Аналена Баербок, министерот за одбрана Борис Писториус и министерката за внатрешни работи Ненси Фезер.
Состанокот треба да се одржи пред Шолц да учествува на видеоконференција на лидерите на Г7 подоцна во недела.