Неколку ирански аеродроми, вклучително и меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во Техеран, ги откажаа сите летови до понеделник, откако се интезивираа тензиите на Блискиот исток со нападот на Иран врз Израел во текот на ноќта, јавуваат иранските државни медиуми.
Иран лансираше десетици беспилотни летала и проектили кон Израел во текот на ноќта од сабота во недела, како одговор на израелското бомбардирање на иранскиот конзулат во Сирија на 1 април. Со последните ирански дејства се зголемија и стравувањата за можна израелска одмазда против Техеран.
„Сите летови од меѓународниот аеродром „Имам Хомеини“ во Техеран се откажани до 6 часот наутро (0230 GMT) по соопштението на Организацијата за цивилно воздухопловство на Иран“, изјави извршниот директор на аеродромот за иранската новинска агенција.
Видете и ова: Светските лидери ги осудија иранските напади врз Израел
Домашните летови од аеродромот Мехрабад во Техеран и аеродромите во Шираз, Исфахан, Бушехр, Керман, Илам и Санандај, исто така, се откажани до понеделник наутро, според иранската компанија за аеродроми и воздушна навигација, бидејќи западниот воздушен простор на земјата и понатаму е забранет за летови.
Големите авиокомпании ширум Блискиот Исток најавија откажување на некои од нивните летови, додека други треба да ги пренасочат.