Управниот суд ја уважил тужбата од Академија зa судии и јавни обвинители „Павел Шатев” против одлуката на Државната комисија за спречување на корупција донесена во средата. Станува збор за одлука со која ДКСК утврдува дека Академијата ги прекршила законите со тоа што не го стопирала процесот на селекција на кандидати.
Судот ја поништил одлуката на ДКСК и го вратил предметот на повторно одлучување на тужениот орган.
Видете и ова: ДИК го утврди редоследот на кандидатските листи за изборитеПретставката до ДКСК беше поднесена од претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска - Давкова. Таа се обрати пред судскиот совет за да ги аргументира причините поради кои се обратила до антикорупционерите.