„Ситуацијата на источниот фронт значително се влоши во последните денови“ во услови на зголемена руска офанзива, изјави на 13 април врховниот командант на Украина, генерал-полковник Олександар Сирскиј.
Сирскиј, кој ја презеде функцијата врховен командант во февруари откако украинскиот претседател Володимир Зеленски го отпушти Валериј Залужни, рече дека Русите исто така имаат супериорно оружје.
Тој зборуваше за „значително засилување на офанзивата на непријателот по претседателските избори во Русија“ во средината на март и додаде дека се носат одлуки „за зајакнување на најпроблематичните одбранбени области со електронско војување и противвоздушна одбрана“.
Висок американски генерал Кристофер Каволи пред неколку дена предупреди дека Украина нема да може сама да се справи со војната против Русија, бидејќи во Претставничкиот дом на Соединетите држави сè уште е блокиран пакетот помош од САД во вредност од 60 милијарди долари.
Дури и украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека воената позиција на Украина слабее поради недостигот на муниција и оружје, особено за воздушна одбрана, поради блокирањето на американската помош.
Војната во Украина започна на 24 февруари 2022 година.
Рускиот претседател Владимир Путин ја нарекува војната „специјална воена операција“ за демилитаризација на Украина.
Западот и одговори на Русија со остри санкции за економијата на земјата.
Како резултат на војната, илјадници луѓе загинаа, а милиони беа раселени од своите домови.