Американскиот претседател Џо Бајден на 12 април изјави дека очекува Иран да го нападне Израел „порано, наместо подоцна“ и го предупреди Техеран да не го прави тоа.
Бајден на новинарско прашање за тоа која порака ќе ја испати до Иран, кусо само одговори „Немој“.
„Ние сме посветени на одбраната на Израел. Ќе го поддржиме Израел. Ќе помогнеме во одбраната на Израел и Иран нема да успее“, изјави Бајден.
Израел на 12 април се подготвуваше за напад од Иран или неговите полномошници, бидејќи се зголемија предупредувањата за одмазда за нападот врз комплексот на амбасадата на Иран минатата недела во Дамаск.
Видете и ова: САД ги ограничија патувањата на службениците во Израел поради страв од напад на Иран Израел не ја презеде одговорноста за воздушниот напад на 1 април. Но, врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, рече дека Израел „мора да биде казнет и ќе биде казнет“ за операцијата за која рече дека е еквивалентна на напад на иранска територија. по минатонеделниот напад врз Конзулатот на Иран во Сирија, при што загинаа најмалку 13 лица, меѓу кои седуммина високи членови на Иранската револуционерна гарда, не престануваат обвинувањата и заканите од Техеран кон Израел.
Бајден на денешната средба со новинари во Белата Куќа изјави дека нема да открива повеќе безбедносни информации, но истакна дека дека неговите очекувања се дека нападот од Иран може да дојде „порано, отколку подоцна“. Тој зборуваше со новинарите во Белата куќа по виртуелниот говор на конференцијата за граѓански права.