Полициска акција во затворот Идризово

Затвор Идризово (илустрација)

Во најголемиот затвор ,,Идризово” во Скопје, денеска (11 април), биле извршени претреси. Од обвинителството ја потврдуваат акцијата, но повеќе детали не откриваат.

Од ОЈО велат дека акцијата е координирана од Основното јавно обвинителство Скопје поради сомневања за кривично-правни дејствија.

„Во акција координирана од Основното јавно обвинителство Скопје, поради сомневања за кривично-правни дејствија, утрово се извршени претреси во КПУ Идризово – Скопје со цел обезбедување доказен материјал“, информираат од Обвинителството.

За акцијата се огласија и од МВР наведувајќи дека тие дале асистенција и постапувале под координација од ОЈО Скопје и по барање на затворската управа.

„Претресите се завршени и сите активности поминаа без никакви проблеми“, велат од МВР.

Затворот во Идризово неколку пати до сега бил мета за претреси при што беа пронајдени мобилни телефони, дрога, остри предмети и друго.