Поплави во Русија и Казахстан, властите предупредуваат на полошо сценарио

Поплави во Русија (илустрација)

Поплавите продолжуваат да потопуваат големи делови од јужна Русија и северен Казахстан, а властите предвидуваат дека ќе дојде полошо сценарио, бидејќи масивното топење на снег среде невообичаено високите температури принуди десетици илјади луѓе да ги напуштат своите домови.

Десетици градови, села и градови во близина на реката Урал, трета најдолга во Европа, беа потопени откако реките се излеаа од коритото, носејќи вода кон рускиот Оренбург и Казахстанскиот Орал.

Регионалната администрација на Оренбург во средата(10 април) соопшти дека повеќе од 7700 жители и стотици домашни животни се евакуирани од областа погодена од поплавите, додека околу 13000 приватни куќи и околу 15000 домаќинства останале под вода.

Видете и ова: Поради поплавите во Русија, вонредна состојба во три области

Додека нивото на водата во градот Орск, каде што најмалку пет лица загинаа во поплавите откако локалната брана пукна по трет пат од минатата недела, почна да се намалува, регионалната влада соопшти дека ситуацијата ќе остане комплицирана најмалку до 25 април.

Кремљ даде поостра прогноза за ситуацијата, велејќи дека е „доста напната“ и дека најверојатно ќе се влоши.

„Водата сè уште расте. Големи количини вода доаѓаат во нови области“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Во Казахстан, водата од поплавите е присутна во неколку региони на северот што граничи со Русија.

Властите во средата соопштија дека нешто повеќе од 96 000 луѓе биле евакуирани од почетокот на поплавите минатата недела, што е зголемување за 10 000 во однос на претходниот ден.