Седумнаесет мртви во автобуска несреќа во Пакистан

Волонтери ги преместуваат телата на аџиите загинати во автобуска несреќа во Карачи, Пакистан, 11 април 2024

Во југозападен Пакистан 17 лица загинале, а 16 биле повредени кога автобус паднал во провалија.

Портпаролот на провинцијата Белуџистан, Шахид Ринд изјави дека сообраќајната несреќа се случила во средата вечерта кога верниците се упатиле кон свето место за да го одбележат Рамазан Бајрам.

Возачот изгубил контрола над автобусот и слетал во ендек на само 25 километри од дестинацијата.

Околу 15 лица се во тешка состојба, а во автобусот имало 33 лица, меѓу кои и возачот.