Русија изврши голем напад со проектили и беспилотни летала врз енергетската инфраструктура на Украина во пет региони, предизвикувајќи прекин на електричната енергија за околу 200 000 луѓе, соопштија локалните власти во четвртокот.
Во соопштението на украинската армија се наведува дека руските сили во нападот употребиле 82 проектили, ракети и беспилотни летала, а противвоздушната одбрана соборила 18 проектили и 39 дронови.
Трафостаниците и капацитетите за производство на електрична енергија на мрежниот оператор Укренерго претрпеа оштетувања во регионите Одеса, Харкив, Запорожје, Лавов и Киев.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Министерството за внатрешни работи соопшти дека најмалку 10 ракети го погодиле градот Харкив, кој е на само 30 километри од руската граница.
„Во Харкив, кој во минатото беше честа мета на руски напади, беше исклучена струјата за 200000 луѓе“, изјави помошникот на претседателот Олексеј Кулеба.
ДТЕК, најголемата приватна приватна компанија за електрична енергија во Украина, објави дека Русија нападнала две нејзини електрани и им нанела сериозна штета.