Истражителите во рускиот автономен регион Јамало-Ненец на 9 април го продолжија рокот на прелиминарната истрага за смртта на опозицискиот политичар Алексеј Навални до 20 април.
Навални почина во затвор на Арктикот Навални. Тој беше долгогодишен борец за борба против корупцијата и најистакнат руски опозициски политичар повеќе од една деценија.
Тој имаше 47 години кога почина во рускиот затвор.
Видете и ова: Дрезденска награда за мир за НавалниСоработникот на Навални кој е во егзил Иван Жданов, на 10 април на Телеграм напиша „се уште нема официјални информации од државата за причината за смртта на Алексеј Навални“.
Документот за продолжување на прелиминарната истрага беше потпишан од истражителот Александар Варапаев.
Варопеев вршеше притисок врз мајката на Навални во февруари да го погреба нејзиниот син тајно, без официјална церемонија за збогување, што Људмила Навалнаја го одби.