Ииранскиот врховен лидер Али Хамнеи на 10 април повторно му се закани на Израел, за кој рече дека ќе биде „казнет“ за нападот во Сирија.
„Гнасниот режим направи грешка. Мора да се казни и ќе биде канет“, рече ајатолахот Хамнеи во говор што се емитуваше во живо по повод празникот Бајрам.
Во нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април загинаа 16 лица, меѓу кои седум членови на Иранската револуционерна гарда. Иран и Сирија за нападот го обвинија Израел.
Видете и ова: Турција го ограничува извозот во Израел додека не дојде до прекин на огнот во ГазаИзраел не потврди дека стои зад нападот на Дамаск, иако неговите лидери во принцип рекоа дека дејствуваат против Иран, кој го поддржува Хезболах во Либан и Хамас во Појасот Газа - група која САД и Европската унија ја сметаат за терористичка.
Израел долго време води војна во сенка, со атентати и саботажи против Иран и неговите вооружени сојузници.
Регионалните тензии се зголемија откако избувна војната во Појасот Газа, откако Хамас изврши напади во Израел на 7 октомври, при што според израелските податоци загинаа 1.200 луѓе и земаа 253 заложници.
Оттогаш, најмалку 33.360 луѓе се убиени во израелската офанзива, според Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас.