Службата за следење на климатските промени на Европската Унија, Коперник, на 9 април објави дека овогодинашниот март е најтоплиот март во историјата на мерењата, при што температурата на површината на морето достигнала нов апсолутен месечен рекорд за глобалната температура на морињата.
Секој од последните десет месеци е рангиран како најтопол некогаш забележан во светот во споредба со соодветниот месец во претходните години, покажува месечниот билтен на Коперник.
Тоа не беше само десетти последователен месец кој го собори сопствениот топлински рекорд, туку и „глобалната просечна температура во последните 12 месеци е највисока досега забележана“ и го надминува прединдустрискиот просек за 1,58 степени Целзиусови поради децениите на емисии на стакленички гасови, чиј пак ефект од средината на 2023 година е особено нагласен од феноменот Ел Нињо, оценува заменик-шефот на службата за климатски промени Коперник, Саманта Бурџис.
„Тоа е долгорочен тренд со големи рекорди за кои сме многу загрижени“, рече Бурџис, пренесува Ројтерс.
Таа наведува дека следењето и „проучувањето на ваквите записи од месец во месец навистина покажува дека нашата клима многу брзо се менува“.
Видете и ова: ОН: Достигната рекордно висока температура од 48,8 степени Целзиусови во ЕвропаЗбирот на податоци на Коперник датира од 1940 година, а научниците го споредија со други релевантни податоци за да потврдат дека минатиот месец бил најтоплиот март од прединдустрискиот период.
И 2023 година беше најтоплата година на земјата, според светските рекорди што постојат од 1850 година. Екстремните временски услови и високите температури направија хаос на глобално ниво оваа година.
„Примарната причина за исклучителната топлина се емисиите на стакленички гасови предизвикани од човекот“, се истакнува во билтенот Коперник.
Сушата предизвикана од климатските промени во регионот на Амазон меѓу јануари и март поттикна рекорден број шумски пожари во Венецуела, а сушата во јужна Африка ги уништи посевите и остави милиони луѓе да се соочат со глад.
Видете и ова: Океаните соборуваат температурни рекордиДруги фактори кои влијаат на зголемувањето на температурата се Ел Нињо, природен метеоролошки феномен поврзан со затоплувањето на површинските води на источниот екваторијален Тихи Океан, кој се случува циклично во период од три или осум години.
Потоплите океани значат повеќе влага во атмосферата. Научниците предупредуваат дека воздухот може да задржи околу седум проценти повеќе водена пареа за секој степен Целзиусов покачување на температурата. Ова резултира со сè понепредвидливи временски услови, како што се силни ветрови и обилни дождови.
Научниците минатиот месец предупредија дека поради затоплувањето на океаните на јужната хемисфера ќе дојде до масовно избелување на коралите и дека тоа може да биде најопасно во историјата на оваа планета.