Пооддговорни, поактивни и поажурни. да се членовите на Општинските изборни комисии бараат дел од членовите на Државната изборна комисија. Забележале и дека се почесто дел од членовите и претседателите се изземаат од оваа функција, па мора да се заменуваат со други.
И на денешната седница ДИК одлучуваше по барања за изземање од извршување должност претседател, заменик претседател и член на општинските изборни комисии, а по случаен избор беа одредени нови.
„Активностите на ОИК влегуваат во завршна фаза, а постојано се случува да има барања за изземања и вршење случаен избор на членови и заменици членови во ОИК. Но, тоа не претставува основа за нивна неактивност, туку може да ги ангажираат замениците членови. Треба целосно да се вклучат во процесот за спроведување на Претседателските и Парламентарните избори бидејќи и нивната неактивност повлекува законска одговорност, предупреди Бобан Стојановски од ДИК.
Видете и ова: Kандидатите за претседател потпишаа Кодекс за фер и демократски избори
Кон неговите укажувања се приклучи и Борис Кондарко кој потенцираше дека сите членови и заменици членови на ОИК се од државната администрација и се ослободени од секојдневните работни обврски на работните места.
„Нема никакво оправдување за неактивност и доцнење на обврските. Укажувам да бидат пооддговорни, поактивни и поажурни во извршување на секојдневните задачи. Не само што се ослободени од работни обврски и си ја земат редовно платата, туку и ќе добијат надоместоци од ДИК. Овој процес не смее да трпи заради индивидуални случаи на неактивност и неажурност на општинските комисии, наведе Кондарко.
Претседателот на ДИК Александар Даштевски им препорача на координаторите да ги известат ОИК за изнесените укажувања
ДИК одобри и акредитација за изборите на 13 меѓународни набљудувачи од Централната изборна комисија на Косово.