Јужна Кореја успешно постави втор воен шпионски сателит во орбитата, соопшти во понеделникот (8 април) Министерството за одбрана на земјата.
Сателитот е произведен во Јужна Кореја и е лансиран со помош на ракетата „Фалкон 9“ на „Спејс X“, пренесува агенцијата АФП.
Во декември, Јужна Кореја го потврди успешното лансирање на својот прв воен шпионски сателит.
Видете и ова: Северна Кореја соопшти дека тестирала нови ракетни фрлачиИ првиот сателит беше лансиран од ракетата „Фалкон 9“ од вселенскиот центар во Флорида.
Северна Кореја во ноември минатата година соопшти дека го лансирала својот прв шпионски сателит.