Јеменските бунтовници Хути на 7 април соопштија дека лансирале проектили и беспилотни летала врз британски, американски и израелски бродови, во последниот напад на бродови за поддршка на Палестинците во војната во Газа.
Групата поврзана со Иран соопшти дека цели на британски брод и неколку американски фрегати во Црвеното Море, додека во Арапското Море и Индискиот Океан нападнала два израелски брода кои пловеле кон израелските пристаништа.
Нападите беа извршени во последните 72 часа, изјави портпаролот на армијата на Хутите Јахја Сари во телевизиска изјава.
Видете и ова: ЕУ започнува поморска мисија за заштита на бродовите во Црвеното МореТој не даде повеќе детали за нападите.
Претходно, британската безбедносна компанија „Амбреи“ соопшти дека добила информации кои укажуваат дека бродот бил нападнат на 7 април во Аденскиот залив, југозападно од Мукала, Јемен.
„На пловните објекти во близина им е препорачано да бидат внимателни и да пријават каква било сомнителна активност“, велат од компанијата.
Не е наведено кој е одговорен за нападот и не се соопштуваат дополнителни детали.
Исто така, на 7 април, проектил падна во близина на брод во Аденскиот залив, но немаше штета на бродот или повредени членови на екипажот во инцидентот, југозападно од јеменското пристаниште Аден,соопшти Британската поморска трговска организација (УКМТО).
Видете и ова: Испораките доцнат, цените растат заради нападите врз бродови во Црвеното мореНе е наведено кој го испукал проектилот и не се соопштуваат дополнителни детали.
Сè уште не е утврдено дали нападите што ги пријавија британските агенции се исти како и последните инциденти што ги пријавија Хутите.
Нападите на Хутите го нарушија глобалниот транспорт низ Суецкиот канал, принудувајќи ги компаниите да се пренасочат кон подолги и поскапи патувања низ јужна Африка.
Затоа, САД и Велика Британија започнаа напади врз цели на Хутите во Јемен.