Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, поддржан од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), за утре (8 април) најави протест пред Министерството за здравство.
Протестот го организираат за да го изразат незадоволството од непотпишување на анексот на колективниот договор за здравствена дејност со што требаше да се зголемат платите на вработените во овој сектор.
Видете и ова: Димитров: Годишно од 200-250 лекари од јавното здравство заминуваат во странствоПротестот е закажан во 10 часот пред Министерството за здравство.
„Протестираме за да кажеме дека бараме да се потпише Анексот веднаш по завршување на изборниот процес, но со дополнително соодветно зголемување на коефициентите на вработените согласно зголемените трошоци на живот. Ги повикуваме политичките партии кои претендираат да ја водат државата и како наш иден социјален партнер да одвојат време да седнат со синдикатот и да ги слушнат барањата“, велат од ССМ.
Според проценките на синдикатите, со непотпишувањето на анексот повеќе од 20 илјади работници во здравството остануваат без усогласувањето на нивните плати со порастот на минималната плата.
Синдикатите веруваат дека ќе бидат слушнати нивните барања, а во спротивно велат, „повторно ќе се вратиме“.
Видете и ова: Протест на ССМ - На 1 мај на судиите ќе им дадеме црвен картонССМ на 2 април организираше уште еден протест. Тој се одржа пред зградата на Врховниот суд, каде што „судиите добија жолт картон“ поради судската одлука да им се одземе сопственоста на Работничкиот дом.
За 1 мај, пак, како што беше најавено претходно, ќе се организира традиционалниот првомајски марш од кој ќе биде испратена порака дека работниците очекуваат најмалку 450 евра минимална плата во првите 100 дена од новата влада и враќање на хранарината и превозот.