Израелската армија ги повлече сите копнени трупи од јужниот дел на Појасот Газа, освен една бригада, изјави во неделата портпарол на армијата.
Израелската војска не даде повеќе детали и не е јасно дали повлекувањето ќе го одложи долгонајавуваниот напад врз градот Рафа во јужна Газа, за кој израелските лидери рекоа дека е потребен за да се елиминира Хамас, кој САД и ЕУ го сметаат за терористичка организација.
Израелската бригада обично се состои од неколку илјади војници.
Видете и ова: Војната во Појасот Газа влезе во седмиот месецПовлекувањето на дел од војниците беше најавено додека Египет се подготвува да биде домаќин на нова рунда преговори со цел постигнување договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците.
Израелската офанзива во Газа, започната по нападот на Хамас врз Израел пред шест месеци на 7 октомври, во последните месеци се фокусираше на југот на палестинската енклава.
Повеќе од еден милион Палестинци избегаа од Рафа, кои се засолнуваат на оваа територија во близина на границата со Египет.