Во Скопје опожарен билборд со Арбен Таравари

A billboard with presidential candidate Arben Taravari was set on fire in Skopje

Во Скопје во текот на ноќта помеѓу 6 и 7 април бил запален билборд на кој се наоѓа рекламен плакат за претседателскиот кандидат Арбен Таравари, реагираше коалицијата Вреди која бара виновниците да бидат казнети.

„На полноќ бевме известени дека бил опожарен еден билборд од кандидатот Арбен Таравари на улицата кај Зоолошката градина во Скопје. Би сакале да веруваме дека е несреќа, но билбордот од другата страна воопшто не беше допрен. Се знае која партија има насилници и криминалци во своите редови, се знае која партија ја користи власта за да се збогати и да го плаши народот. Времето на страв заврши“, пишува во реакцијата на албанската опозициска коалиција.

Видете и ова: Таравари: Ако не победиме на изборите, ќе се повлечам од политиката

Тие додаваат дека ќе го заменат билбордот со нов, а покрај од институциите задолжени за спроведување на законот бараат реакција и од меѓународните набљудувачи.

Денеска (7 април) е четврти ден од официјалната кампања за претседателските избори која започна на 4 април.

Кампањата за првиот круг ќе трае до 22 април кога на полноќ ќе започне изборниот молк. Гласањето, пак, ќе биде на 24 април.

Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 8 мај кога граѓаните ќе гласаат и на парламентарни избори. Кампањата за парламентарните избори ќе стартува на 18 април.