Двајцата осомничени за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Србија добија притвор, а полицијата уапси уште две лица под сомнение дека му помогнале на еден од осомничените по убиството.
Српското МВР на 6 април соопшти дека е уапсен Р.Д. (73) и Д.Д. (40) поради сомнение дека му помогнале на осомничениот за убиството на девојчето Д.Д. (50) да се премести телото од депонијата во околината на Бањско Поље на засега непозната локација на територијата на градот Бор во источна Србија.
Ним им е одреден притвор до 48 часа.
Видете и ова: Двегодишната Данка ја удриле со возило и фрлиле на депонијаВо меѓувреме, Вишото јавно обвинителство во Зајечар на 6 април соопшти дека донело наредба за отворање истрага против осомничените Ј.С. и Д.Д., поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „тешко убиство во соизвршителство“.
На предлог на обвинителството, судијата рано утринава им одредил мерка притвор до 30 дена поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и уништување или отстранување траги од извршување на кривично дело, како и поради вознемирување на јавноста.
За убиството на девојчето двајцата осомничени се вработени во јавното претпријатие „Водовод“ во Бор, кои со автомобил ја удриле Данка Илиќ, а потоа и го оставиле телото на депонијата, објави на 4 април српскиот министер за полиција Братислав Гашиќ.
Според него, тие го признале делото.
Гашиќ рече и дека полицијата ја продолжува истрагата бидејќи телото сè уште не е пронајдено.
Данка Илиќ исчезна на 26 март пред својата куќа во населбата Бањско Поље кај Бор.
Видете и ова: Вучиќ: Полицијата уапси две лица осомничени за убиство на Данка ИлиќИстиот ден започна потрагата по неа, во која учествуваа голем број припадници на полицијата, планинската спасувачка служба и граѓани.
Нејзиното исчезнување за првпат го активираше системот „Најди ме“ (Амбер алерт) во Србија, со кој јавноста итно се информира за исчезнување на дете.
Потрага по исчезнатото девојче од Србија објави и Интерпол, меѓународна полициска организација.