Претставници на Европската унија (ЕУ) не се изјаснуваат дали Србија го прекршила договорот на патот кон нормализацијата со преземање дејствија против апликацијата на Косово за членство во Советот на Европа (СЕ).
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на 4 април ги повика властите да „формираат тим кој ќе се бори против членството на Косово во Советот на Европа“, додека Косово оваа пролет се обидува да стане членка на ова тело. Министерот за надворешни работи во технички мандат, Ивица Дачиќ, кој е на чело на Владата откако доскорашната премиерка Ана Брнабиќ беше избрана за претседателка на парламентот, на 5 април, изјави дека овој тим е оформен.
Портпаролот на ЕУ Петер Стано избегна прецизно да одговори дали повикот за формирање на ваков тим е во согласност со членот 4 од договорот во кој се вели дека Србија нема да се меша во членството на Косово во ниту една меѓународна организација.
Видете и ова: Вучиќ: Одговорот на Србија за Косово во Советот на Европа ќе биде силенТој рече дека не сака да ги коментира изјавите на Вучиќ или намерите на српските институции, но ги повтори очекувањата на Брисел за дијалог.
„Можам само да потсетам дека е исклучително важно и Косово и Србија конечно да почнат да ги исполнуваат обврските што ги презедоа во Охрид, а претходно и во Брисел и да го спроведат договорот. Ако не сакаат, ќе има последици“, рече тој.
Тој додаде дека „неподготвеноста да се постигне имплементација ќе се почувствува од двете страни, во поширок контекст на нивните напори да продолжат напред на нивниот пат кон ЕУ“.
Дачиќ, пак, во изјават за Радио-телевизија Србија (РТС) денеска (5 април) соопшти дека на чело на тимот што ќе се бори против приемот на Косово во Советот на Европа ќе се наоѓаат тој и директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ.
„Најголем број се луѓе од МНР, но тука се и луѓе од Народното собрание, од кабинетот на претседателот, од други министерства, некои други министри – Тања Мишчевиќ која е за европски интеграции, министерот Момировиќ кој има многу контакти во врска со надворешната трговија“, рече Дачиќ.
Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе гласа за прием на Косово на 16 април, а конечната одлука се очекува на состанокот на Комитетот на министри на Советот на Европа на 16 мај.
Во два наврати, Србија гласаше против барањето на Косово за прием во Советот на Европа, кое Приштина го поднесе во мај 2022 година.
Видете и ова: Брисел формално предложи вклучување на обврските од Охрид во преговорите со Србија и КосовоМеѓутоа, со Охридскиот договор Србија се обврза да не го спречува приемот на Косово во меѓународните организации.
Србија и Косово постигнаа договор за патот кон нормализација на односите, познат како Охридски договор, во февруари 2023 година, а во март се договорија за анекс за имплементација.
Меѓутоа, белградските власти постојано повторуваат дека нема да ги спроведат сите одредби од договорот.