„Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија по десетдневна опсежна акција, детални проверки на сите траги и информации, ги приведоа С.Ј.(1974) и Д.Д.(1974), двајцата од Бор, поради сомнение дека го убиле двегодишното девојче Данка Илиќ“, соопштија од министерството.
Оттаму додаваат дека „двајцата осомничени во целост го признале извршувањето на ова кривично дело, а во тек е претрес на теренот за потрага по телото“.
Српскиот министер за полиција Братислав Гашиќ на 4 април на прес-конференција изјави дека осомничените вработени во јавното претпријатие „Водовод“ во Бор ја удриле Данка со автомобил и нејзиното тело го фрлиле во депонија. Според него, тие на 26 март биле на службена должност во Бањско Поље.
Според него, Данка се движела по асфалтот пред двајцата осомничени да ја удрат со автомобил.
Тој рече дека сопатникот С.Ј. „Телото на онесвестеното девојче го пренело на задниот дел од возилото“.
„Д.Д. управувал со возилото, додека возел се договориле да го фрлат телото“, рече Гашиќ, додавајќи дека телото го фрлиле на блиската депонија.
Гашиќ рече и дека таткото на девојчето при потрагата го запрел возилото што го управувал Д.Д, но дека Д.Д. и С.Ј. рекле дека не го виделе детето.
С.Ј. според неговите зборови, подоцна учествувал во потрагата на просторот околу куќата каде исчезнала Данка.
Ним им е одреден притвор до 48 часа, рече министерот за полиција, додавајќи дека осомничените се товарат за тешко убиство.
Гашиќ рече и дека полицијата ја продолжува истрагата бидејќи телото се уште не е пронајдено.
Видете и ова: Вучиќ: Полицијата уапси две лица осомничени за убиство на Данка Илиќ„Двајцата (осомничените) не однесоа на депонијата каде што го фрлиле телото“, рече Гашиќ, додавајќи дека постои сомнеж дека еден од осомничените го „префрлил телото на друго место“ неколку дена откако било фрлено на депонијата.
Гашиќ рече дека во текот на истрагата полицијата следела 175.000 телефонски комуникации и пораки во таа област.
„Полицијата претреси 200 куќи и исто толку станови“, рече тој.
Претходно, информација за смртта на Данка Илиќ соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вонредна седница на Владата на Србија.
„Колку што разбрав, тие го признаа делото. Тие одат на местото каде што беше фрлено телото на детето“, додаде Вучиќ.
На новинарско прашање зошто претседателот на Србија наместо полицијата ја објави веста за смртта на Данка Илиќ, Братислав Гашиќ рече дека „не гледа ништо спорно“.
Инаку, двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско Поље кај Бор, во источна Србија.