„Припадниците на МВР по десетдневна опсежна акција, детални проверки на сите траги и информации, ги приведоа С.Ј.(1974) и Д.Д.(1974), двајцата од Бор, поради сомнение дека го убиле двегодишното девојче Данка Илиќ“, соопштија од српското министерство.
Оттаму додаваат дека „двајцата осомничени во целост го признале извршувањето на ова кривично дело, а во тек е претрес на теренот за потрага по телото“.
Во краткото соопштение се заклучува дека „полицијата продолжува интензивно да работи на овој случај“.
Претходно оваа информација ја соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вонредна седница на Владата на Србија.
Полицијата уапси две лица осомничени за убиството на Данка Илиќ, соопшти претседателот Александар Вучиќ на 4 април во Белград на вонредна седница на Владата на Србија.
„Колку што разбрав, тие го признаа делото. Се оди кон местото каде што беше фрлено телото на детето“, додаде Вучиќ.
Видете и ова: Српската полиција пребарува околу куќата на исчезнатото девојче, утврдено е дека информациите од БиХ се лажниТој се заблагодари на полицијата за големиот труд и посветеност.
Во текот на денот се очекува полицијата да соопшти повеќе детали.
Инаку, двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март во Бањско Поље кај Бор, во источна Србија.
Нејзиното исчезнување прво го активираше системот „Најди ме“, односно Амбер алармот во Србија. Во меѓувреме, Интерпол, меѓународната полициска организација, најави потрага по исчезнатото девојче од Србија.