Министер во израелската влада ги негираше тврдењата дека израелските сили намерно целеле и убиле седум хуманитарни работници на Светската централна кујна (WCK), на 1 парил во Газа.
WCK, основана од познатиот шпански готвач (Хозе Андрес), е вклучена во испораката на помош за Појасот Газа, која од март пристигнува со брод од Кипар во воената зона.
Андрес го обвини Израел дека целеле на неговите работници „систематски, автомобил по автомобил“.
Израелскиот министер за економија Нир Баркат за Би-Би-Си нјуз изјави дека коментарите на Андрес се „глупости“. Тој рече дека на Израел му е „ужасно жал“ за убиството на седуммина хуманитарни работници, но дека смртта на хуманитарните работници и цивилите е „дел од војната“.
Израелските власти велат дека нападите во кои загинаа работниците се „тешка грешка“ и ветуваат истрага.
Белата куќа на 2 април објави дека е „огорчена“ од нападот во Појасот Газа во кој загинаа седум хуманитарни работници.
Видете и ова: Седум хуманитарци убиени во „израелски напад“ во ГазаИзраелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по нападот изјави дека работниците на хуманитарната организација WCK загинале во „трагичен инцидент во ненамерен напад“.
Израелскиот претседател Исак Херцог се извини за нападот и разговараше со Андрес „да ја изрази својата длабока тага за трагичната загуба на животи“.
„Американскиот претседател Џо Бајден рече дека јасно ќе му стави до знаење на Израел дека хуманитарните работници мора да бидат заштитени“, изјави портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер на 2 април.
Видете и ова: Обединетите нации го суспендираа ноќното движења во ГазаКанцеларијата за медиуми во Газа управувана од Хамас, која се смета за терористичка организација од САД и Европската Унија, исто така, во соопштение го обвини Израел за нападот.
Светската централна кујна соопшти дека нејзините работници од Полска, Австралија, Ирска и Велика Британија биле убиени во напад на израелските одбранбени сили (ИДФ) додека ги поддржувале напорите за хуманитарна испорака на храна во Газа.
„Ова е трагедија. Хуманитарните работници и цивилите никогаш не треба да бидат цел“, напиша хуманитарната организација на мрежата Х.
САД ги чекаат резултатите од израелската истрага за убиствата.
Цел на израелскиот напад беше јасно обележан конвој, откако хуманитарната организација соопшти дека се координирала со израелската армија за да се избегне каква било опасност.
Израелските напади врз Појасот Газа почнаа по 7 октомври, кога припадниците на Хамас на југот на Израел, според израелските податоци, убија 1200 луѓе и зедоа 253 заложници.
Оттогаш, според Министерството за здравство на Газа под контрола на Хамас, повеќе од 32 000 Палестинци се убиени, а повеќе од 75 000 се ранети во израелските напади врз Газа.