На полноќ официјално почна изборната кампања за претстојните претседателски избори кои ќе се одржат на 24 април. Седум кандидати го обезбедиле потребниот број на потписи од граѓани или од пратеници. На 8 мај, заедно со парламентарните избори, ќе се одржи и вториот круг од претседателските избори.
Актуелниот претседател и кандидат на СДСМ и коалицијата на претстојните претседателски избори Стево Пендаровски ќе биде прв на листата за претседателските избори. Втора е Гордана Силјановска - Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, трет е Стевчо Јакимовски од ГРОМ.
Четврт на листата е Бујар Османи од ДУИ, петта е Билјана Ванковска-Цветковска од Левица, шести е Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и Европскиот фронт и седми е Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ.
Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и кандидатката Сиљановска-Давкова почнува со митинг пред зградата на Владата.
Видете и ова: Политичари како инфлуенсери во изборната себепромоција на социјалните мрежиПод мотото „Максимум за Македонија“ претседателскиот кандидат од ЗНАМ Максим Димитриевски најави дека од Крушево ќе води позитивна кампања, со непосредни средби со граѓани и два помасовни митинга.
Кампањата на Стево Пендаровски почнува од Прилеп. Во Скопје денеска ќе биде промовиран Изборниот штаб на кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата. Пендаровски ќе ги посети и општините Кривогаштани и Крушево.
Билјана Ванковска, претседателскиот кандидат на Левица ќе ја презентира изборната програма на прес-конференција. Во Струмица вечер, Ванковска, заедно со лидерот на Левица и носител на ИЕ 1, Димитар Апасиев, и носителот на ИЕ 4, Сашко Јанчев ќе се обратат во Домот на културата „Антон Панов“.
Кандидатот за претседател предложен од ДУИ, Бујар Османи изборната кампања ќе ја почне со прес-конференција во 11 часот пред претседателската вила на Водно.
Кампањата за претседателските избори завршува на полноќ на 22 април.