Лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ги соочуваат ставовите на дуел во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5, пред утрешниот почеток на кампањата за претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија закажани за 24 април и за 8 мај.
Ова е прво соочување на лидерите на двете најголеми партии, претенденти за премиер на Северна Македонија по мајските парламентарни избори.
Ковачевски кажа дека актулниот претседател Стево Пендаровски (кој повторно се кандидираше) има капацитет да однесе победа, додека Мицкоски оцени дека кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, ќе го надомести она што е пропуштено во изминатите пет години во мандатот на Пендаровски.
„Во СДСМ сме убедени дека ќе ја добиеме довербата на граѓаните да ја формираме следната проевропска Влада на Македонија, а Стево Пендаровски ќе биде повторно избран за претседател на државата - бидејќи имаме многу јасна визија и многу јасен план за еврпската иднина на државата јшто се темели на храбри одлуки и на јасна визија и јасен план како тоа да го направиме“, рече Ковачевски на прашањето каков претседател ѝ треба на Северна Македонија.
Мицкоски речедека СДСМ долго време барал и конечно нашол човек „кој е подготвен да изгуби“.
„Јас мислам спротивно од ова што го кажа Димитар Ковачевски, сметам дека Стево Пендаровски како претседател не покажа ама баш ништо, со што ја заслужи титулата претседател. Тоа го видоа граѓаните, тоа е одличен пример на човек којшто како профил не одговара да биде претседател на државата, а уште повеќе да биде татко на нацијата, бидејќи тој не успеа да ја обедини нацијата“, рече Мицкоски.
Според Ковачевски, Европската унија(ЕУ) и членството во ЕУ се единствена шанса за позитивна промена.
„За ваквите чекори потребна е храброст и одлучност. Преговорите не беа лесни бидејќи кога јас дојдов на чело на владата атмосферата беше тензична. Кога разговарате за вакви тешки теми треба да бидете подготвен, треба знаење, чувството е како некој со нож да ве сече но треба да се носат одлуки, со неносење одлуки државата останува во „статус кво“. Патот кон ЕУ го почнавме со Хрватска, Хрватска се европеизираше, ние каде сме?“ рече Ковачевски.
Мицкоски возврати дека е загрижен кога слушал дека неговиот опонент одлучувал за иднината на неговите деца.
„Јас сум сега уште позагрижен кога слушам дека Ковачевски одлучувал за иднината на моите деца. Јас очекував да слушнам нешто друго. Мала корекција, ние процесот го почнавме и пред Хрватска, но поради вакви политичари сме таму каде што сме. Без да обезбедите консензус и без да го прашате народот да донесете такви одлуки е катастрофално и капитулантски. Јас се понудив да Тој истакна дека историските прашања се дел од билатералниот договор со Бугарија, а не од преговарачката рамка со ЕУ и токму како резултат на тоа веднаш по уставните измени, Македонија ќе ги отвори сите поглавја за преговори со ЕУ.помогнам“, рече Мицкоски.
Ковачевски рече дека историските прашања се дел од билатералниот договор со Бугарија, а не од преговарачката рамка со ЕУ и токму како резултат на тоа веднаш по уставните измени, Македонија ќе ги отвори сите поглавја за преговори со ЕУ.
Кампањата за претседателските избори на 24 април почнува на 4 април и трае до 22 април, кога почнува предизборниот молк кој трае до 24 април.
Изборната кампања за парламентарните избори почнува на 18 април и ќе трае до 6 мај.
Изборите во мај ќе бидат 11 парламентарни од осамостојувањето на државата, додека претседател ќе се бира по седми пат, вклучувајќи го и првиот од двата мандата на Киро Глигоров кој беше даден врз основа на избор од страна на Собранието согласно тогашните уставни решенија.