Арбен Таравари, кандидат за претседател на Северна Македонија од коалицијата „Вреди“ Арбен ја презентираше платформата за претседателските избори на 24 април.
Платформата се темели на четири столба: Северна Македонија интегрирана во регионот и во Европа, Северна Македонија производител на безбедност, Северна Македонија правна држава и Северна Македонија консензуална демократија.
„Интеграцијата во ЕУ е наша неоспорна цел, тоа е нашиот единствен пат кон стабилност и одржлив развој и тоа е мојот највисок приоритет како претседател. Во регионалната политика ќе се заложам за зголемување и продлабочување на регионалната соработка заснована на нашите вредности, меѓу кои е и Косово како независна, суверена и рамноправна држава. Моите главни цели во оваа област се: ќе барам гаранции од високиот претставник на ЕУ дека по уставните измени нема да има дополнителни барања за Северна Македонија надвор од преговарачката рамка од 2022 година, мандатот за формирање на влада ќе му го доверам на партијата или партиите кои ќе докажат дека имаат мнозинство во Собранието, барајќи од мандатарот временски ограничен план за реализација на уставните измени врз основа на член 121 од Уставот, ќе му предложам на Собранието веднаш Северна Македонија да излезе од иницијативата Отворен Балкан“, рече Таравари.
Видете и ова: Судот во Тетово одлучил Села да ги добие печатите од Алијанса за Албанците, Таравари најавува жалбаВо врска со вториот столб, Северна Македонија која произведува безбедност, Таравари рече дека ЕУ, САД и НАТО се незаменливи сојузници, па затоа Северна Македонија е подготвена да игра улога во одржувањето на мирот и безбедноста во светот заедно со сојузниците.
Таравари рече дека Русија и натаму претставува закана за Северна Македонија.
„Северна Македонија е безбедна земја и нема директна надворешна закана. Но, тоа не значи дека Русија не претставува закана. Русија ќе продолжи да поттикнува страв и да создава нестабилност, се додека енергетската ефикасност и ранливост од сајбер нападите остануваат постојана закана за нас. Основниот принцип на кој се заснова мојата стратегија за безбедност е дека Северна Македонија нема да биде само потрошувач на безбедноста, туку и производител на безбедноста“, рече Таравари.
Како следен претседател тој се обврза дека Северна Македонија ќе обезбеди стабилен повеќегодишен буџет за одбрана на ниво од 2 отсто од бруто домашниот производ, во согласност со критериумите на НАТО, како и дека ќе се погрижи за„ дејугословенизација на Армијата и Агенцијата за разузнавање со назначување само на докажани професионалци“.
Како најголем непријател Таравари го посочи корумпираниот судски систем, за кој вели ги иселува младите и ја држи земјата во заложништво. како следен претседател, најави дека ќе се заложи за донесување пакет закони за целосна реформа на судскиот систем и обвинителството.
Покрај Таравари, во трката за претседател има уште шест кандидати: Гордана Силјановска Давкова, пратеничка и професорка на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, кандидатка на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ; Стево Пендаровски, актуелен претседател на Северна Македонија, кандидат на владејачката СДСМ; Бујар Османи, актуелен министер за надворешни работи, кандидат на владејачката ДУИ, Билјана Ванковска, професорка на Филиозофскиот факултет во Скопје, како кандидатка на партијата Левица, Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово, кандидат на новоформираната партија За наша Македонија (ЗНАМ) и Стевчо Јакимовски, градоначалник на скопската општина Карпош.