Грузиската владејачка партија соопшти дека повторно го поднесува до парламентот контроверзниот нацрт-закон за „странски агенти“, кој го откажа во март минатата година по избувнувањето на масовните протести.
Мамука Мдинарадѕе, извршниот секретар на партијата Грузиски сон, на 3 април рече дека текстот на новиот предлог-закон ќе биде сличен на претходната верзија, со само мали измени.
„Наместо да се користи фразата „агент на странско влијание“, ќе се користи фразата „организација што носи интереси на странска сила“. Сите други делови од нацрт-законот се непроменети“, рече Мдинарадѕе.
Во март 2023 година, парламентот започна со читање за одобрување на нацртот, но тој нагло го запре процесот откако партијата Грузиски сон објави дека го повлекува предложениот закон поради протестите.
Десетици илјади демонстранти кои излегоа на улиците на грузискиот главен град поради легислативата беа пречекани од силно вооружена полиција која употреби солзавец, шок-бомби и водени топови за да ги разбие демонстрациите. Приведени беа десетици луѓе.
Видете и ова: Грузискиот парламент го отфрли контроверзниот закон за „странски агенти“Парламентот го усвои законодавството за „странски агенти“ и покрај предупредувањата од критичарите дека нацрт-законот, кој ќе ги принуди граѓанските организации кои добиваат повеќе од 20 отсто од нивното финансирање од странство да бидат класифицирани како „странски агенти“, го отсликува руското законодавство што е користено за да ги задуши гласовите на опозицијата и независните медиуми.
Претставниците на Грузиски сон рекоа дека законот има за цел да донесе транспарентност.
Во Грузија, антируските чувства често се силни. Руските трупи сè уште контролираат околу една петтина од територијата на Грузија, најголемиот дел од неа земена за време на молскавична војна во 2008 година, која наводно се однесуваше на отцепените напори во два североисточни региони, Абхазија и Јужна Осетија.
Додека Грузиски сон ја „избегна“ кризата со повлекување на законодавството, тензиите опстојуваат околу конкурентните визии на владејачката партија и нејзините противници за силно поларизираната кавкаска земја и нејзините речиси 5 милиони жители.