Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права Волкер Тирк, рече дека од руската инвазија врз Украина, повеќе од 10.500 украински цивили се убиени, а повеќе од 20.000 се повредени.
„Конфликтот станува вкоренет и долготраен, со повторени бранови на напади, како што беше забележано низ целата земја минатата недела“, рече Тирк, објави британски Гардијан на 2 април.
Тирк во видео порака на состанокот во врска со неговиот извештај насловен „Човековите права во Украина“ рече дека од минатата недела конфликтите на украинска територија се интензивирале.
Видете и ова: Во Хаг почнува конференција за воените злосторства во УкраинаКомесарот на ОН додаде дека руските сили во Украина често го прекршуваат меѓународното хуманитарно право.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на втората годишнина од рускиот напад изјави дека загинале 31.000 украински војници и процени дека руската армија загубила „шест пати повеќе“.
На 24 февруари 2022 година, Русија започна инвазија врз Украина, поради што Европската унија воведе ембарго врз неа. Брисел во февруари оваа година го воведе 13-тиот пакет санкции кон Москва.