Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелските сили го извршиле нападот во кој загинаа седум хуманитарни работници во Газа, пренесе Асошиетед прес.
„За жал, имаше трагичен инцидент во ненамерен напад на нашите сили врз невини луѓе во Појасот Газа. Ќе направиме се за да спречиме такво нешто да се повтори“, рече Нетанјаху.
Седум хуманитарни работници од шпанската светска централна кујна (World Central Kitchen - WCK) беа убиени во Појасот Газа. Основачот на WCK, Хозе Андрес, рече дека тие биле убиени „во воздушен напад на Израелските одбранбени сили - ИФД“.
Меѓу загинатите вработени има работници од Полска, Австралија, Ирска и Велика Британија.
ИФД известија дека спроведува „темелна истрага за овие наводи“.
Видете и ова: Седум хуманитарци убиени во „израелски напад“ во ГазаКанцеларијата за медиуми во Газа управувана од Хамас - организација означена како терористичка од Соединетите Држави и Европската Унија, исто така го обвини Израел за нападот.
„Свесни сме за извештаите дека членовите на тимот на Светската централна кујна биле убиени во напад на ИФД додека ги поддржувале нашите хуманитарни напори за испорака на храна во Газа“, објави Светската централна кујна на мрежата X.
„Ова е трагедија. Хуманитарните работници и цивилите никогаш не треба да бидат цел“, напиша хуманитарната организација.
Светската централна кујна е вклучена во испораката на помош за Газа, која од март пристигнува во воената зона со бродови од Кипар.
Видете и ова: Шпанија планира да ја признае Палестина до јулиОрганизацијата ја презеде и дистрибуцијата на помош за луѓето во Појасот Газа.
Израелските напади врз Појасот Газа почнаа по 7 октомври, кога припадниците на Хамас на југот на Израел, според израелските податоци, убија 1.200 луѓе, а зедоа 253 заложници.
Оттогаш, според палестинското Министерство за здравство, најмалку 32.845 Палестинци се убиени, а 75.392 се ранети во израелските напади врз Газа.