Шпанскиот премиер Педро Санчез во вторникот пред новинарите изјави дека Шпанија ќе ја признае независноста на Палестина до јули, а дека и другите земји ќе го сторат истото во следниот период, пренесува шпанската новинска агенција ЕФЕ.
Санчез моментално е на турнеја по Блискиот Исток, при што ќе ги посети Јордан, Катар и Саудиска Арабија.
Во текот на првиот ден, тој во Аман неформално разговараше со шпанските новинари, на кои им рече дека неговата левичарска влада има намера да ја признае Палестина во следните три месеци и дека наскоро може да се создаде „критична маса“ во рамките на Европската унија и тоа би го направиле и другите земји.
Видете и ова: Папата бара населението да има безбеден пристап до хуманитарна помош во ГазаСанчез на 22 март во Брисел разговараше со премиерите на Ирска, Словенија и Малта, кои најавија признавање на Палестина „кога ќе се создадат соодветни околности“.
Израел им порача на тие земји дека го „наградуваат тероризмот“ и дека тоа ќе ги намали шансите за преговори за ситуацијата во појасот Газа.
Во заедничката декларација во ноември минатата година, Европската унија и арапските држави изјавија дека единственото можно решение за конфликтот е она со две меѓусебно признати соседни држави.
Израел го отфрла тоа решение и продолжува со окупацијата на Западниот Брег и опсадата на појасот Газа.
Палестина досега е призната од 139 земји во светот.