Дванаесетгодишно дете е убиено, а две се тешко ранети во вооружен напад на нивни врсници во училиште на северот на Хелсинки, соопшти финската полиција.
„Денеска околу девет часот во основното училиште Виертола во градот Вантаа во вооружен напад загина ученик од шесто одделение, две деца се тешко ранети, а осомничениот напаѓач е уапсен“, изјави претставник на полицијата.
Претходно беше соопштено дека биле ранети три деца.
Полицијата ги повика локалните жители да не ги напуштаат своите домови, освен ако е апсолутно неопходно.
Училиштето „Виертола“ во Вантаа има 800 ученици и 90 вработени и го посетуваат ученици од седум до 15 години.
Училиштето Виертола има ученици од седум до 15 годинишна возраст од основно и средно училиште. Како и другите фински училишта, децата штотуку се вратија на настава по долгиот велигденски викенд.