Kрилото на Арбен Таравари од поделената Алијанса за Албанците (АА) во Тетово на централно собрание,ги избра кандидати за пратеници кои ќе бидат дел од заедничките листи на коалицијата составена од опозициските партии во албанскиот блок „Вреди“.
АА на Таравари ќе има само еден носител на изборна листа во ИЕ5, а тоа е Салим Сулејмани од Струга.
„Минимум очекувам шест можеби и седмиот од АА ќе видиме. На изборите веќе евидентно според анкетите стоиме многу добро, изјави Арбен Таравари по завршување на собранието.
Како што извести Таравари во ИЕ1, неговата партија ќе има кандидат за пратеник на четвртото место, но името ќе се дознае по дополнителни консулатации.
Видете и ова: Села оди на избори во коалиција со Ахмети„Во втора изборна единица на втора позиција ќе биде Ријат Шаќири од Општина Липково и на трето место заедничко име со Демократско Движење, а четвртото ќе биде на АА. Името се надевам ќе го јавиме по дополнително консулатации. Во ИЕ3 и ИЕ4 ќе имаме кандидати. Имаме повеќе имиња. Ни треба повеќе време да се консултираме. Не се партиски имиња, туку независни имиња. Затоа зедов автортизириање од централното собрание за да можеме да ги изберам личностите кои што ќе имаат влијание во тој регион, рече Таравари.
Во шестата изборна единица, третата позиција е на АА, но се уште се преговара за името. Четврта позиција ќе биде Халил Снопче, и седма позиција ќе биде Салим Сулејмани од огранок Боговиње.
Како носители на листи коалицијата „Вреди“ ги одреди Изет Меџити во „единицата“, Африм Гаши во ИЕ2, Биљал Касами во ИЕ6 и Салим Сулејмани во „петката“.