Австриската полиција се вклучи во истрагата за исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ од Србија, откако се појави видео од Виена на кое се гледаат две жени и едно дете кое наликува на исчезнатото девојче.
Портпаролот на виенската полиција Маркос Витрич изјави дека се работи за тековна истрага и дека немаат премногу детали, објави на 1 април Радио телевизија на Србија (РТС).
Полицијата, јавува РТС, се обидува да ги пронајде жените кои се гледаат со детето на видеото.
Проблемот, како што изјави Витрич, е начинот на кој видеото стигнало до полицијата.
„Сведокот најпрво го испрати видеото по е-пошта до српската полиција, која стапи во контакт со австриската полиција, но се изгуби многу време“, рече Витрич, а пренесува РТС.
Видеото е направено од државјанин на Србија кој живее во Виена.
Тој пријавил дека вечерта на 30 март, на трамвајската станица во центарот на австриската престолнина, придружувано од две жени, видел дете кое личело на исчезнатото девојче во Србија, австрискиот „Клајне цајтунг“ (Клајне цајтунг) ја објави изјавата на портпаролот на виенската полиција Маркус Дитрих.
Видете и ова: Нема трага од исчезнатото девојче во Србија по пребарувањето на тунелите и подземните каналиСе наведува дека авторот на видеото контактирал со српските власти, кои потоа се обратиле до виенската полиција со барање да го истражат случајот.
Амбасадата на Србија во Виена апелираше до граѓаните доколку ја препознаат исчезнатата Данка Илиќ на територијата на Австрија веднаш да ја известат српската или австриската полиција.
Апелот дојде откако видеото беше објавено од медиумите во Србија на 31 март.
Во меѓувреме, ИНТЕРПОЛ, Меѓународната полициска организација, најави потрага по исчезнатото девојче од Србија.
Нејзината фотографија е објавена на сајтот на ИНТЕРПОЛ и опишани се карактеристичните детали за нејзиниот изглед.
Од денот на исчезнувањето на девојчето на 26 март, полицијата во Србија претресува десет квадратни километри во областа Бањско поле кај Бор, на истокот на Србија, каде исчезна Данка Илиќ.
Специјални екипи ја пребарале околината на куќата, тунелот, подземните канали и шахти, шумите и не пронашле траги од исчезнатото дете.
Двегодишната Данка Илиќ, која исчезна околу 13 часот, има кафена коса, кафени очи и е висока околу 85 сантиметри. Во моментот на нејзиното исчезнување таа носела маслинесто зелена јакна, виолетови панталони и црни патики.
На денот на исчезнувањето, полицијата за прв пат во Србија го активираше системот „Најди ме“ (Amber Alert) кој итно ја информира јавноста за исчезнувањето на дете.