ДУИ ги утврди носителите на листи за пратеници

Седиштето на ДУИ во Мала речица

Генералниот совет на Демократската унија за интеграција на 31 март во Тетово ги утврди носителите на листи за пратеници со кои ќе настапи на претстојните парламентарни избори закажани на 8 мај.

Во првата изборна единица носител на листата ќе биде Блерим Беџети, во втората Садула Дураку, во „тројката“ Сулејман Баки од Движењето на Турците на Македонија за правда и демократија. Во четвртата изборна единица носител е Енвер Хусеин од Демократската Партија на Турците на Македонија, во „петката“ Зијадин Села и во шестата изборна единица носител на листата ќе биде претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Видете и ова: Изборниот ринг за лидерите се врати во единица и шестка

Заедничката програма на Коалицијата „Европски фронт“ ќе се заснова на уставните измени, евроинтеграцијата, добрососедството, бескомпромисната борба против организираниот криминал и корупција, економскиот рамковен договор, информираат од ДУИ.

Како што посочуваат од партијата, Генералното собрание на ДУИ едногласно го поддржале формирањето на „Европскиот фронт“ и заедничката кандидатура за претседател на Бујар Османи.

„Генералното собрание на Демократската унија за интеграција ги повикува сите членови на ДУИ и сите граѓани да го поддржат „Европскиот фронт“ и нашата кандидатура за претседателските избори Бујар Османи“, се наведува во соопштението на ДУИ.