Реакцијата на Србија на евентуалниот прием на Косово во Советот на Европа ќе биде силна и одговорна, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Тој во своето обраќање до јавноста на 29 март рече дека се уште не сака да каже каква точно ќе биде одлуката.
Ќе продолжиме да разговараме, подготвен сум да го слушнам мислењето на Собранието и на Владата, ќе се подготвиме и ќе почекаме“, рече Вучиќ.
Тој оцени дека европската иницијатива за Косово во Советот на Европа доаѓа без услови за Приштина и покрај договорите од Бриселскиот договор од пред 11 години дека примарна обврска е формирање Заедница на општини со српско мнозинство (ЗОССВ) во северот на Косово.
„Иако европските санкции против Косово се формално на сила поради неспроведување на договорот, во изминатата година Приштина учествуваше на сите западни меѓународни форуми“, рече Вучиќ.
Србија се уште е на европскиот пат“
Тој оцени дека Србија е во тешка политичка ситуација, но дека не се откажала од европскиот пат.
„Сегашната позиција на Србија е последица на надворешниот притисок поради нашата воена неутралност и одлуката да не се воведат санкции кон Русија. Западните земји се под голем притисок поради напредувањето на руските сили во Украина и идните политички пораки од Москва за преседанот на Косово “, изјави Вучиќ.
Видете и ова: ЕУ нема став за гласањето за членството на Косово во Советот на ЕвропаВо контекст на незавидната позиција на Србија, Вучиќ рече дека се очекува на 27 април на дневен ред на Генералното собрание на Обединетите нации да се најде резолуција за геноцидот во Сребреница, предложена од Германија и Руанда.
„Ова е донесено за српскиот народ да биде казнет за својата надворешнополитичка ориентација, слободарска и независна политика и дополнително да биде притиснат за прашањето за Косово и Метохија“, рече Вучиќ.
Тој ја изнесе информацијата дека се регистрирани 212.000 бегалци и внатрешно раселени лица од Косово, велејќи дека Србија дала предлози за нивно враќање.
„Но, од Приштина нема одговор, бидејќи тоа за нив е апсолутно неприфатливо“, додаде Вучиќ.
Тој повтори дека официјален Белград не размислува за признавање на државноста на Косово.
Ние не сме за независно Косово“, заклучи Вучиќ.
Во ова обраќање тој изјави дека од доаѓањето на Аљбин Курти на власт во Приштина, Косово, имало 494 етнички мотивирани напади врз косовските Срби и Српската православна црква.