Претседателот на Украина, Володимир Зеленски побара од претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон за „брзо усвојување“ на огромната „витална“ воена помош.
„Го информирав Џонсон за ситуацијата на бојното поле, посебно за драматичниот пораст на рускиот воздушен терор“, истакна Зеленски по телефонскиот разговор со американскиот висок претставник
Зеленски истакна дека американската воена помош за Украина е од витално значење.
Американската помош од 60 милиони долари е блокирана во Конгресот од минатата година од страна на републиканците.
Џонсон, кој одредува кои нацрт-закони ќе бидат ставени на гласање во Претставничкиот дом, неодамна изјави дека ги испитува начините како да и помогне на Украина, додека Сенатот веќе одобри помош од 60 милијарди долари.
Видете и ова: ММФ одобри заем од 880 милиони долари за УкраинаНа 22 март руската армија го изврши најголемиот воздушен напад врз украинската енергетска инфраструктура од почетокот на инвазијата врз Украина, што почна пред две години. Според Зеленски, Русија минатата недела истрелала вкупно 190 проектили, испратила 140 беспилотни летала и фрлила 700 наведувани воздушни бомби на територијата на Украина.