Полската агенција за внатрешна безбедност изврши претреси како дел од истрагата за наводна руска шпионажа, пренесува Ројтерс. Претресите во Варшава и Тихи, град на западот на земјата, беа извршени во соработка со други европски безбедносни служби.
Полска, која стана центар за воена испорака на западните земји поради руската инвазија на Украина, вели дека таа сега станала и главна цел на руските шпиони.
Таа ја обвинија Москва и руската сојузна држава Белорусија дека се обидуваат да ја дестабилизираат.
„Евидентирани се активности насочени кон организирање проруски иницијативи и медиумски кампањи во земјите на ЕУ“, соопшти полската агенција.
Видете и ова: Полска „бара објаснување“ зошто руските ракети го напаѓаат нејзиниот воздушен просторПоконкретни детали за резултатите од претресот не се соопштени.
Операцијата била координирана со други земји, особено со партнери од Чешка, се наведува во соопштението.
Според Јацек Добржински, портпарол на полската безбедносна агенција, целта на шпионската мрежа е „да ги спроведе надворешнополитичките цели на Кремљ, вклучително и слабеење на позицијата на Полска на светската сцена, дискредитација на Украина и на угледот на институциите на ЕУ“.
Холандскиот премиер Марк Руте рече дека се загрижувачки извештаите за проруски обиди да се влијае на политичарите во ЕУ, додавајќи дека Холандија „ќе направи сè што е потребно“.
„Ова го покажува ризикот од странско влијание“, им рече Руте на новинарите во Хаг. „Тоа е закана за нашата демократија, нашите слободни избори, нашата слобода на говор, за сè“.
Видете и ова: Путин: Русија нема да го нападне НАТО, но ќе ги соборува авионите Ф-16Последните активности на полската Агенција за внатрешна безбедност произлегоа од истрагата завршена во јануари оваа година, во која полски државјанин беше обвинет под сомнение дека шпионирал за руските специјални служби.
„Човекот, кој беше ставен меѓу полските и европските парламентарци, извршуваше задачи нарачани и финансирани од соработници на руската разузнавачка служба, кои вклучуваа пропаганда, дезинформации и политички провокации“, се вели во соопштението.
Чешката влада, ден претходно, санкционираше две лица, меѓу кои и прорускиот украински политичар Виктор Медведчук и веб-страницата Глас на Европа за, како што рекоа, проширување на руското влијание во Европа.