Бугарија се подготвува за уште едни општи избори, шести од април 2021 година, откако популистичката партија Има таков народ (ИТН) на 28 март одби да формира влада. Ова е третата партија што го одби мандатот за формирање влада.
Претходно, централно-десничарската партија ГЕРБ и нејзиниот поранешен коалициски партнер, прозападната партија Да продолжиме со промените/Демократска Бугарија (ЦЦДБ) изјавија дека не можат да формираат нова влада.
Потегот на ИТН му го отвора патот на претседателот Румен Радев да назначи преодна влада и да закаже избори за два месеци.
Бугарија ќе гласа за изборите на Европскиот Парламент на 9 јуни, така што двата избори би можеле да се одржат во ист ден, но тоа ќе зависи од способноста на Радев брзо да назначи преодна влада.
По изборите во април минатата година, Бугарија имаше заедничка влада поддржана од реформистичката ЦЦСБ и ГЕРБ. Тие се договорија за 18-месечна влада со ротација на премиерите -прво Николај Денков од ЦЦББ, а по девет месеци, Марија Габриел од ГЕРБ.
Видете и ова: Габриел предложи владин кабинет, ПП-ДБ ја обвинија ГЕРБ за фалсификувањеДенков се повлече на 5 март за да дозволи ГЕРБ да ја води владата во следните девет месеци, како што беше договорено. Сепак Габриел не успеа да формира влада, па на 27 март и Денков ја отфрли поканата на Радев да се обиде да состави влада.
Бугарија е најсиромашната од 27-те членки на Европската Унија и се бори со широко распространета корупција. Оваа балканската земја се бори со политичка нестабилност по големите антикорупциски протести во 2020 година.
Пред изборите во април минатата година, земјата ја водеа преодни влади назначени од Радев во отсуство на стабилна избрана коалиција.
Радев на 28 март рече дека ќе започне консултации со сите потенцијални привремени премиери на 30 март.
По уставните амандмани, претседателот може да избира помеѓу претседателот на Националното собрание, гувернерот или заменик-гувернерот на Бугарската народна банка, претседателот или заменик-претседателот на Комората за ревизија и народниот правобранител или неговиот заменик.