Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто во интервју за руската државна новинска агенција рече дека Будимпешта нема намера да ги прекине контактите на високо ниво со Москва и дека сите средства за комуникација мора да останат отворени.
„Унгарија очигледно е во контакт со руските лидери и тоа се подразбира. Јас лично сум во контакт со моите руски колеги - министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, вицепремиерот за енергетика Александар Новак и вицепремиерот за индустрија и трговија Денис Мантуров. Каналите на комуникација мора да бидат отворени бидејќи ако ги прекинеме, тогаш ја намалуваме шансата за мир во иднина. Како и да е, ќе моравме да разговараме еден со друг. Ние веруваме дека дипломатијата е способност да разговарате еден со друг, дури и во сложени околности, дури и кога не се согласувате за сè. Не е голема работа да разговарате со оние со кои се согласувате во сè“, изјави Сијарто.
Видете и ова: Орбан му честиташе на Путин за реизборотСпоред него, секогаш има сфери кои не подлежат на режимот на санкции.
На прашањето дали Унгарија ќе ја подобри соработката со Русија во областите кои не се засегнати од европските санкции, Сијатро одговара потврдно и вели: „Секогаш кога ќе има потреба за тоа, ќе разговараме“.
„Унгарија е отворена за тоа. Минатиот пат унгарскиот премиер Виктор Орбан се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг кога требаше да разговараат на оваа тема, додаде Сијарто.
Инаку унгарскиот премиер Виктор Орбан му ја честиташе неодамнешната победа на рускиот претседател Владимир Путин и покрај осудата на гласањето од страна на многу западни влади.