Евгенија Кара-Мурза - сопругата на затворениот руски опозициски политичар Владимир Кара-Мурза, рече дека ќе поддржи размена на затвореници меѓу Русија и Западот за да го спаси нејзиниот сопруг и другите политички затвореници во Русија, кои би можеле да бидат во опасност.
Нејзината изјава доаѓа по смртта на критичарот на Кремљ, опозицискиот политичар Алексеј Навални, кој почина минатиот месец во руски затвор на Арктикот.
Адвокатскиот тим на починатиот опозиционер претходно изјави дека, според нивните сознанија, неколку дена пред неговата смрт речиси бил постигнат договор за ослободување на Навални како дел од размената на затвореници.
„Кога станува збор за спасување животи, мора да се искористат сите можни средства“, рече Евгенија Кара-Мурза за новинарите во Женева на 25 март, додавајќи дека размената на затвореници била користена за време на Студената војна за ослободување на затворените советски дисиденти.
Евгенија Кара-Мурза исто така изјави дека моментално не знае за какви било преговори за размена на затвореници меѓу Русија и Западот.
Видете и ова: Притворот на новинарот Гершкович е продолжен до крајот на јуниВладимир Кара-Мурц отслужува 25-годишна затворска казна под обвинение за велепредавство и дискредитација на руската војска вклучена во тековната инвазија на Москва врз Украина, која тој, неговите поддржувачи и групите за човекови права ја отфрлаат како политички мотивирана.
Кара-Мурза, кој поседува руски и британски пасоши, првично беше уапсен во април 2022 година, откако се врати во Русија од странство и беше обвинет за непослушност на полицаец.
Тој подоцна беше обвинет за дискредитација на руската војска, обвинение што произлегува од агресијата на Русија против Украина во 2022 година и напорите на Кремљ да ги отфрли критиките на оваа тема. Тој подоцна беше дополнително обвинет за предавство за изјавите што ги дал во говорите надвор од Русија, критикувајќи ја политиката на Кремљ.
Во април минатата година, Кара-Мурза беше прогласен за виновен по сите обвиненија и осуден на 25 години затвор.
Кара-Мурза фатално се разболе во два одвоени наврати во Москва - во 2015 и 2017 година - со симптоми кои се поврзуваат со труење.
Примероците од ткиво, шверцувани од Русија во САД од неговите роднини, биле предадени на ФБИ, кое го истражуи неговиот случај.
Видете и ова: Циханускаја - Белорусите се соочуваат со „руска агресија и империјализам“Американските владини лаборатории, исто така, спроведоа обемни тестови на примероците, но документите објавени од Министерството за правда сугерираат дека тие не биле во можност да дојдат до дефинитивен наод.
Кремљ негираше каква било вмешаност во инцидентите, но истражувачките новинари од Bellingcat, The Insider и Der Spiegel велат дека идентификувале четворица агенти на Федералната служба за безбедност (ФСБ) - Роман Мезенцев, Александар Самофал, Константин Кудрјавцев и Валери Сухарев - кои го следеле Кара- Муза за време на неговите патувања пред неговите две разболувања.