Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на 26 март изјави дека Израел нема да ги прифати барањата на Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа.
Палестинската група Хамас - која САД и Европската унија (ЕУ) ја сметаат за терористичка група, во понеделникот вечерта го отфрли најновиот предлог за примирје инсистирајќи на тоа да остане на својата првобитна позиција, која вклучува крај на војната и целосно израелско повлекување од Газа.
На 25 март, Советот за безбедност на Обединетите нации во резолуција повика на итен прекин на огнот меѓу Израел и Хамас и итно и безусловно ослободување на сите заложници откако САД се воздржаа од гласање.
Денеска Нетанјаху го обвини Хамас дека не е заинтересиран за продолжување на преговорите за договорот.
Видете и ова: Лидерот на политичкото крило на Хамас во посета на ТехеранТој исто така изјави дека одбивањето на Хамас е „несреќно сведоштво за штетата на одлуката на Советот за безбедност на Обединетите нации“, кој ја усвои резолуцијата во понеделникот.
Нетанјаху рече дека Израел „нема да попушти“ на барањата на Хамас и ќе продолжи да работи на уништување на воените и управувачките способности на милитантната група, како и да бара ослободување на заложниците.
Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац рече дека усвојувањето на резолуцијата на Советот за безбедност го охрабрува Хамас да го отфрли последниот предлог за прекин на огнот.
Кац рече дека резолуцијата на Обединетите нации му покажала на Хамас дека меѓународниот притисок врз Израел се зголемува и дека треба само да чека војната да заврши преку тој притисок, а не да се согласи на какви било отстапки.
„Пораката што вчера му беше доставена на Хамас е - не треба да брзате“, рече Кац.
Тој, исто така, ги критикуваше САД - најголемиот сојузник на Израел, што не стави вето на резолуцијата.
Видете и ова: САД по Резолуцијата за Газа негира промена во американската политикаВашингтон претходно во речиси шестмесечната војна во Појасот Газа не сакаше да вклучи „прекин на огнот“ во резолуцијата и застана на страна на Израел како сојузник на САД во војната против Хамас, откако групата уби 1.200 луѓе во нападот на 7 октомври во Израел. .
Но, во услови на зголемен глобален притисок за примирје во војната во која загинаа повеќе од 32.000 Палестинци, САД се воздржаа од гласањето на 25 март за да му се дозволи на Советот за безбедност да побара итен прекин на огнот за муслиманскиот пост Рамазан, кој завршува за две недели.
Резолуцијата бара итно и безусловно ослободување на сите заложници. Израел соопшти дека Хамас зел 253 заложници за време на нападот на 7 октомври.