Судијата во Судот во Њујорк, кој претседава со случајот против поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп за прикривање уплати, на 25 март одлучуваше, кога и дали ќе почне судењето.
Трамп пристигна во судот на рочиштето за прикривање уплати. Ова е еден од четирите кривични случаи кои се водат против него.
Судењето беше одложено најмалку до средината на април поради неодамнешното доставување на десетици илјади страници записи од претходната федерална истрага.
Случајот за прикривање уплати, поднесен минатата година од обвинителите во Менхетен, е единствениот од обвиненијата против Трамп што се чини дека ќе биде суден во наредните месеци.
Случајот се однесува на долгогодишните наводи дека Трамп организирал исплата на порно актерка за време на неговата претседателска кампања во 2016 година за да ги потисне тврдењата за вонбрачна врска.
Њујоршкиот судија Хуан М. Мерчан ги повика двете страни на суд во понеделникот за да објаснат што се случило со документите, за да може да процени дали да обвини некого или да го казни и да одлучи за следните чекори.
Канцеларијата на окружниот обвинител вели дека има малку нов материјал и нема причина за дополнително одложување, при што обвинителот Метју Коланџело изјави пред судот дека бројот на релевантни, употребливи, нови документи „е прилично мал“ - околу 300 записи или помалку.
Но, со тоа не се согласува адвокатот на одбраната Тод Бланш, кој рече дека бројот изнесува илјадници и продолжува да расте. Адвокатите на Трамп тврдат дека дополнителните документи налагаат отфрлање на случајот или барем одлагање за три месеци.
Во исто време, на Трамп денеска му истекува рокот за уплата на 456,8 милиони долари за жалбата на пресудата за измама, а во спротивно Њујорк би можел да заплени негов недвижен имот.
Судијата Артур Енгорон минатиот месец пресуди дека Трамп и неговата компанија незаконски ја зголемувале вредноста на нивното богатство и манипулирале со вредноста на имотот за да добијат поволни заеми од банките и поволни услови од осигурителните компании.
Со камата, Трамп на сојузната држава Њујорк и должи 456,8 милиони долари.
Против Трамп се водат случаи и за тоа дека незаконски планирал да ја подобри неговата изборна загуба во 2020 година од Џо Бајден, како и тоа дека незаконски зел доверливи документи со сега кога ја напуштил претседателската функција.
Трамп освои доволно гласови од делегатите за републиканската номинација на претстојните претседателски избори во САД.