Новите руски напади со беспилотни летала продолжија да ја таргетираат енергетската и цивилната инфраструктура на Украина, предизвикувајќи прекин на електричната енергија во неколку региони и главниот град Киев.
Во утринските часови на 25 март, во Киев се огласија сигнали за воздушен напад и беа пријавени неколку големи експлозии. Официјалните лица известија дека остатоците од проектилот што паѓал ја оштетиле станбената зграда.
Предупредувања за воздушен напад беа слушнати и во девет други региони, вклучувајќи ги Херсон, Миколаев, Одеса и Днепропетровск.
Руски беспилотни летала го погодија градот Миколаев на југот на земјата во текот на ноќта.
Градоначалникот Олександар Сиенкевич на Телеграм напиша дека 11 цивили се ранети, а неколку станбени згради се оштетени.
Виталиј Ким, шеф на регионалната воена администрација во Миколаив, извести дека беспилотно летало „шахед“ предизвикало пожар во „енергетски објект“ во регионот.
Нападот од руски беспилотни летала врз пристанишниот град Одеса на Црното Море предизвика затемнување.
Видете и ова: Одеса без струја по последниот руски воздушен напад„Непријателот го погоди регионот на Одеса напаѓајќи со дронови. Има штета на енергетската инфраструктура. Нема снабдување со електрична енергија во дел од Одеса. Сите служби за итни случаи работат“, напиша на Телеграм Олех Кипер, шеф на регионалната воена администрација.
Русија во последните денови ги интензивираше нападите врз електричната мрежа на Украина. Официјални лица во Киев на 23 март објавија дека повеќе од милион цивили се без струја.
Володимир Кудрицки, претседател на Управниот одбор на украинската компанија за електрична енергија Укренерхо, на 23 март изјави дека земјата го зголемила увозот на енергија од Европа за да ги надомести загубите.
Според наводите на шефот на регионалната воена администрација, во регионот на Харкив, околу 200 000 луѓе се без струја.
„Градското метро во Харков доцнеше поради недостиг на електрична енергија“, изјави Олех Синјехубов, шеф на регионалната воена администрација.
Во Русија, Министерството за одбрана извести дека 11 украински беспилотни летала биле „пресретнати“ над јужниот регион Ростов.
Гувернерот на регионот Василиј Голубев на Телеграм објави дека избувнал пожар во голема термоцентрала и топлана во Новочеркаск, откако локалното население пријавило експлозии во областа. Голубов рече дека нема повредени и дека се истражува причината за пожарот.