Актуелниот претседател и кандидат на СДСМ и коалицијата на претстојните претседателски избори Стево Пендаровски ќе биде прв на листата за претседателските избори што се закажани на 24 април.
Втора е Гордана Силјановска Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, трет е Стевчо Јакимовски од ГРОМ.
Четврт на листата е Бујар Османи од ДУИ, петта е Билјана Ванковска-Цветковска од Левица, шести е Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и Европскиот фронт и седми е Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ.
Видете и ова: Седум кандидати во трка за „Вила Водно“Редоследот на кандидатите за претседатели беше утврден на денешното жребување што се случи на седница на Државната изборна комисија во присуство на претставници на подносителите на кандидатурите.
Како што изјави претседателот на ДИК Александар Даштевски, по спроведеното ждребување редоследот на кандидатите за претседатели на листата ќе биде објавен во „Службен весник“.
Првиот круг претседателски избори ќе се одржи на 24 април, а вториот круг ќе биде заедно со парламентарните избори на 8 мај.