Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави дека ќе побара од рускиот амбасадор во Варшава, кој беше повикан во Министерството за надворешни работи, да објасни како руските крстосувачки ракети насочени кон Украина, влегле во полскиот воздушен простор.
„Тоа е веќе не знам кој по ред таков инцидент. Апсолутно е неприфатливо. Ќе бараме објаснување, но сигурно ќе добиеме некаква демагогија“, изјави Сикорски за полските медиуми“.
Во раните зори во неделата (24 март), за време на моќниот напад на Украина, руска крстосувачка ракета насочена кон областа околу Лвив, во близина на границата на Украина со Полска, навлегла на полска територија 39 секунди.
Министерот за одбрана Владислав Кошњак-Камиш изјави дека се активирани сите системи за противвоздушна одбрана, а летот на ракетата го следат радари, како и пар полски и сојузнички борбени авиони на должност.
„Ние го разгледуваме секој инцидент поединечно. На секое навестување дека е насочен проектил кон која било цел во Полска, секако дека би го уништиле“, рече министерот за одбрана.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Покрај протестната нота за ракетата, Шикорски има намера да изрази сочувство на рускиот амбасадор и семејствата на жртвите од терористичкиот напад пред концертот во Красногорск.
„Секако дека ќе изразиме сочувство до семејствата на жртвите. Но, во исто време предлагаме Русија, наместо да сее терор во Украина, да се справи со теророт дома“, рече Сикорски.
Воените експерти не го исклучуваат фактот дека Русија со правење грешки и наводно неволно нарушување на воздушниот простор на Полска и другите членки на НАТО, всушност ги тестира нивните реакции на можен напад.