Во понеделникот (25 март) Кина ја објави својата поддршка за новата нацрт-резолуција во Советот за безбедност на Обединетите Нации со која се бара „итно“ прекин на огнот во Газа.
Новата нацрт-резолуција се предлага неколку дена откако Кина, како и Русија, стави вето на предлогот за резолуција на САД.
„Кина ја поддржува оваа нацрт-резолуција и ја поздравува напорната работа на Алжир и другите арапски земји во овој поглед“, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан.
„Се надеваме дека Советот за безбедност ќе ја одобри што е можно поскоро и ќе испрати силен сигнал за прекин на непријателствата“, додаде тој.
Гласањето, кое беше закажано за сабота, беше одложено за 25 март за да се избегне нов неуспех.
Видете и ова: Советот за безбедност на ОН ја одби американската резолуција за прекин на огнот во ГазаНовиот нацрт-документ повикува на итен прекин на огнот за време на светиот месец Рамазан, што би довело до траен и одржлив прекин на борбите.
Исто така, се бара итно и безусловно ослободување на сите заложници, а се потенцира и потребата од итно зголемување на протокот на хуманитарна помош за Појасот Газа.
Советот за безбедност на ОН претходно усвои две резолуции во врска со влошената хуманитарна ситуација во Појасот Газа, но ниту една не повика на прекин на огнот.
Војната во Газа започна на 7 октомври 2023 година, кога милитантите на Хамас, организација која САД и Европската Унија ја означија за терорстичка, убија 1139 луѓе и зедоа 253 заложници во Израел.
Оттогаш, според палестинското Министерство за здравство, во израелските напади врз Газа се убиени најмалку 32226 Палестинци, а 74518 се ранети.