„Ксенофобични инциденти“ на Денот на жалост во Русија

Знамињата на половина копје, Ден на жалост во Русија, 24.3.2024 година.

Во Русија се забележани неколку очигледни ксенофобични инциденти насочени кон мигрантите од Централна Азија додека земјата денеска одбележува Ден на жалост за терористичкиот напад пред два(22.3) дена во концертна сала надвор од Москва, во кој загинаа 137 лица, според досегашните информации.

Таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон го осуди нападот во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин во неделата.

„Терористите немаат националност, немаат татковина, немаат религија“, рече Рахмон.

Видете и ова: Експерт за безбедност: Нападот во Москва е една од најголемите операции на џихадистите


Амбасадата на Таџикистан во Москва ги предупреди граѓаните да не ги напуштаат своите домови поради загриженост за можно насилство од одмазда.

Руските власти уапсија 11 лица во врска со нападот, вклучително и четворица наводни напаѓачи.

Официјални лица рекоа дека четворицата осомничени се странски државјани.

Неименувани официјални лица, наводно поврзани со безбедносните служби, на Телеграм сугерираа дека напаѓачите би можеле да бидат Таџикистанци или руски државјани со таџикистанско потекло.

Видете и ова: Национален ден на жалост во Русија

Милитантна група таканаречена „Исламската држава“ ја презеде одговорноста за нападот, во кој беа повредени најмалку 154 лица.

Во Благовешченск на рускиот Далечен Исток наводно било опожарено кафуле во сопственост на лице со потекло од Централна Азија (Авганистан, Казахстан, Кина, Киргистан, Монголија, Туркменистан и Таџикистан), според неколку објави на руските канали на Телеграм.

Во западниот град Калуга биле нападнати тројца мигранти од Таџикистан, а еден е хоспитализиран.

Во московскиот регион, група млади луѓе исфрлиле четворица таџикистански мигранти од приградски воз, откако тие наводно им се заканиле дека ќе ги убијат.

Видете и ова: Шок и згрозеност по нападот во концертна сала близу Москва

Демократската партија на Таџикистан и некои членови на таџикистанскиот парламент го повикаа Путин да преземе мерки за спречување на ксенофобијата и насилството.

Во Русија живеат стотици илјади Таџикистанци и руски државјани со таџикистанско потекло.

Милитантната група „Исламска држава“ ја презеде одговорноста набргу по нападот во петокот, а еден ден подоцна објави фотографија од четворица мажи со заматени лица за кои тврди дека се напаѓачите.

Видете и ова: Путин: Приведени се сите одговорни за нападот во Москва

Путин го нарече пукањето „крвав и варварски терористички напад“ и рече дека инволвираните се обиделе да избегаат и да преминат во Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и други украински официјални лица а негираа каква било поврзаност со нападот.

Советот за безбедност на Обединетите нации, САД, ЕУ, ОБСЕ и многу светски државници го осудија нападот врз цивили во концертната сала близу Москва, изразувајќи шок и згрозеност.